Terrorvoid Promotions и Taksirat 2.0.
At the Gates во Скопје!
Пред цели 22 години во Скопје се случи настан, кој придизвика комплетно лудило низ андерграундот во Македонија. За прв пат кај нас, дојдоа бендови што беа дел од светската метал сцена и после чии концерти се зборуваше дека тоа нема никогаш да се повтори. Napalm Death и At the Gates! Поминаа многу години и многу бендови во меѓувреме дојдоа и свиреа во Скопје. Бендот се растури некое време по концертот и не свиреа скоро 12 години. Оваа година, на 4 декември At The Gates се враќаат во Скопје. Како едни од предводниците на Gothenburg melodic death звукот, бендот е еден од ретките, кои се вистински култ на таа сцена. Мрачни, интелигентни и агресивни мелодии се дел од нивните главни карактеристики. Тие што пред 22 години бевме во МКЦ, ќе имаме можност да се вратиме во времето и пак да бидеме дел од концерт, кој ќе нѐ освежи и за момент ќе ни го врати духот од тоа време. Тие што не биле и само слушале за тој култен концерт…. Ова е можност да присуствуваат на испишување на уште една страница од метал историјата на Македонија.
Предгрупи: Heresy, Hardfaced
Картите во претпродажба веќе од понеделник 14.5.2018 по цена од 700 денари. На денот на концертот 1000. Ќе може да ги набавите во мрежата на mktickets.mk и на билетарницата на МКЦ.
Концертот ќе биде во МКЦ на 4 декември 2018.
Support the Underground!! Се гледаме на концерт!!!