Во соработка со организацијата Friends 2 Friends и Градот Скопје, во рамките на Фестивалот на уличната уметност, во петок, 22 септември, ќе имаме концерт на кој ќе настапат музичките групи чии инструменти и опрема беа трајно загубени како последица од опожарувањето на објектот на Макотекс (поранешните студиа на Радио телевизија Скопје).
На бината на концертната сала во МКЦ ќе бидат промовирани новите материјали нa:
Armadillo
The Black And Vice Social Club
Autmind
Funk Shui
Концертот се организира за поддршка на овие музички групи по опожарувањето на инструментите и нивната опрема. За таа цел, и ќе бидат уплатени средствата за хонорарите за нивниот настап, средства, со кои ќе помогнеме при обновувањето и купувањето на новите инструменти и опрема, а воедно на овој настан ќе промовира и новиот албум на Armadillo.
Почетокот на коцертот е во 20:30 часот, вратите се отвораат во 20:00.
Влезот е слободен.
Се гледаме во МКЦ