Слушачка промоција на „Architect of Reality“
Со огромна чест и задоволство ви го најавуваме првиот деби албум на Стефан Петановски како соло-артист наречен „Architect of Reality“.
Се работи за инструментален, „гитарски“ албум, кој жанровски најдобро може да се определи како прогресив рок-метал.
Албумот излегува на 27 фебруари, а неколку дена подоцна, поточно на 5 март во бифето на МКЦ ќе се одржи слушачка промоција на истиот.
На промоцијата ќе се продава албумот по промотивна цена од 200 ден (цена што важи само на денот на промоцијата), а по редовна цена истиот ќе биде 300 ден.
На самата промоција албумот „Architect of Reality“ ќе се слуша во целост и ќе биде презентиран видеозапис за песната „Remember“, која е дел од самиот албум.
Ќе ни биде огромно задоволство доколку дојдете да се дружиме, позборуваме и да слушаме заедно музика.
▶5 март (вторник)▶Бифе МКЦ▶20:00▶ Влез слободен