Македонска панкрок/емо вечер на Cinedays Festival of European Film

Anna O. 
Кочанско трио, кое музички варира од меланхолично болни погледи, до испакнати вени од агресија.
Чиста експресија, која не нуди решение или излез од калта, но неуморно потсеќа дека е гадна и дека смрди.
Овој концерт воедно ќе биде и концертна промоција на нивниот нов албум „Гробот на еден робот“.

YÖU се панкрок тројка од Скопје.
Постојат од 2015 година, имаат издадено еден албум “We sing the blues” во јануари 2017 година.
YÖU се: Марко Крстевски, Тејка Васиљевиќ и Ерик Омерагиќ.

Билети по цена од 200 денари преку продажната мрежа на MkTickets или на Билетарница МКЦ.

Сподели