Оваа година го прославуваме нашиот прв позначаен јубилеј, 5 години МАРХ Македонска архитектура. По тој повод организираме симболичен коктел и архибазар, за кои упатуваме отворена покана до сите наши читатели, студенти, професори, архитекти, заинтересирани да нè удостоите со вашето присуство.
Мисијата на marh.mk е заложба, која креира заедничка успешна приказна во промоцијата, архивирањето, презентирањето и достапноста на податоците за домашната архитектонска сцена. Вашето присуство на нашата прослава, ќе значи и поддршка да продолжиме со ентузијазмот и посветеноста во иднина.
Распоред на настанот:
*20:00 ч.
Прием / подароци за сите присустни
*20:30 – 21:00 ч.
- Вовед и обраќање на проф. д-р Бојан Каранаков, продекан за наука и меѓународна соработка на Архитектонскиот факултет Скопје при УКИМ;
- Обраќање на основачот на страната, Филип Конески;
- Презентација за постигнатото и плановите за иднина на страната, Ноеми Чаусидис и Мартина Штериова.
*21:00 – 23:00 ч.
Коктел / Архибазар / Разговори /
Архибазар / литература, дизајн, мода, накит, сувенири, разгледници/:
- PrivatePrint;
- Vasil Shemkoski ( Боенка за возрасни – Скопје 091);
- Архитектонска литература од Ана Ивановска, Владимир Десков, Јован Ивановски;
- 5 до 12;
- 0.10error of harmony;
- EASA Macedonia;
- MORPHO
- Бетонско Скопје;
- Сувенири Скопје
Разговори: НАСКОРО
Музика: DJ Drazi Drags