Фестивал на новиот германски филм

Режија: Џулио Ричиарели
Германија 2014, 120 минути
Актери: Александер Фелинг, Андре Шумански, Фридерике Бехт, Јоханес Криш
Наменето за публика над 12 години

Германија крајот на 50-те години: економијата функционира, луѓето повторно живеат добро. Со текот на времето Втората светска војна паѓа во заборав. Кога новинарот Томас Гнилка (Андре Шумански) ќе сака да поднесе пријава против поранешен чувар во Аушвиц, кој моментално работи како наставник, наидува на отпор. Но, младиот јавен обвинител Јохан Радман (Александер Фелинг) сепак ќе го сослуша и ќе почне да се бави со случајот. Со поддршка на генералниот јавен обвинител Фриц Бауер (Герт Фос), тој ќе се обиде непоколебливо да излезе од лавиринтот на прикривања и потиснувања и да биде пример за другите.

Сподели