СВЕТ БЕЗ НАСИЛСТВО Е МОЖЕН, НИЕ МОЖЕ ДА ЖИВЕЕМЕ И ПОИНАКУ

 

Со ВЕГЕФЕСТ ГАРАНТИРАМЕ:
Одлични предавања! Превкусна храна! Богата забавна и едукативна програма, изложби, дружба и фантастични музички настапи !

Содржински Вегефест се состои од:

Циклус предавања за користа од веганството од повеќе аспекти / богат спортски и забавен дел / штандови со достапна веганска храна и продукти / музички настапи слеани со перформанс на акробатите од жонглерското студио Фаз Бабл.

Напоредно Вегефест нуди богато Детско катче со танци, магионичари и едукативни работилници за деца.

Револуцијата за правата на животните започнува од  принципите и животните навики на секој поединец – тоа е основната порака која целиме да ја пренесеме, во соработка со наши бројни пријатели, партнери, учесници на фестивалот кои на Вегефест се приклучуваат волонтерски, за што безрезервно им благодариме..

 

ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН. Детална програма за Вегефест е во прилог.

Настанот е поддржан од програмата Civica Mobilitas и Младинскиот културен центар

Сподели