Петок, 9 март, 21 часот. МКЦ (кафе Фросина)
Придружете ни се да ја славиме и да танцуваме на музиката на Бастион. Промоцијата на која ќе бидат присутни членовите на бендот, ќе биде збогатена со концерт на Тодор Караколев и A Colder Consciousness ди-џеј сет. Посетителите ќе можат да ја набават плочата по промотивна цена, недела дена пред нејзиното официјално објавување.
https://
Снимен во Скопје во 1983 година и оригинално издаден за ПГП-РТБ во 1984 година, „Бастион“ е единствениот документ за кратката, но екстремно слатка соработка помеѓу пејачката и актерка Ана Костовска, музичарот и композитор Кирил Џајковски, басистот Љубомир Стојсављевиќ и филмскиот режисер Милчо Манчевски. Една од првите електронски групи во Македонија, беше прогласена од тогашниот југословенски печат за „Македонска електро-поп сензација“. Четворицата млади артисти за неверојатно кратко време успеаја да снимат зрел, еклектичен и жанровски отворен synth-wave албум со гламурозен поп сензибилитет. Плоча што се слуша во еден здив.
ACC Records е нова издавачка куќа зад која стои Флора Питроло, а произлегува од нејзината радио емисија A Colder Consciousnees, која зрачи од 2011 на Resonance FM (Лондон) и Канал 103 (Скопје). Го отсликува нејзиното континуирано истражување во архивите на поопскурната електронска музика од 80-тите години. Следните изданија вклучуваат претходно неслушнат француски минимал синт саундтрак, романтичен италијански индастријал и клупски ориентирана експериментална електроника од современиот Лондон.
Bandcamp: accrecords.bandcamp.com
Facebook: www.facebook.com/
Twitter: @colderlondon
Email: acolderconsciousness@gmail