Дебатен филмски клуб ЛАЛЕ – програма за месец април
Веројатно најзначајниот филмски фестивал на независните филмаџии е во Санденс, Јута. Негов основач е Роберт Редфорд, а годинава е неговото 33-то издание. Трите предложени филмови за месец април им овозможија на нивните автори да стекнат репутација на талентирани и перспективни. Наше е да провериме!
4 АПРИЛ
SMOOTH TALK (Мазење) 1985
режија: Џојс Чопра
улоги: Лора Дерн, Трит Вилијамс, Мери Кеј Плејс
И во бајките на браќата Грим и во хорорите на филмското платно има заеднички именители: меланхолијата на растењето и созревењето на сексуалноста. Филм за детските илузии во судир со светот на возрасните, или дали сексуалната активност е средство да се справите со сопствената емоционална празнина?
Куриозитет за режисерката е што ова ѝ е прв и единствен игран филм, активна е од 1967 година. Снима главно ТВ и документарни филмови. Во Санденс доби Гран При за режија.
11 АПРИЛ
A BRIEF HISTORY OF TIME (Кратка историја на времето) 1991, биографски документарец
режија: Ерол Морис
учествуваат: Стивен Хоукин, Исобел Хокин
Хокин е феномен по себе, исто како и вселената. Филмот на интелигентен начин ги спојува овие два феномена. Теориска физика разбирлива и за обичниот гледач.
Во Санденс ги доби двете главни награди за документарен филм, Гран При од жирито и Трофејот на филмските работници
18 АПРИЛ
BLOOD SIMPLE (Едноставно крв) 1984
режија: Џоел и Итн Коен
улоги: Џон Гец, Френсис МекДорманд, Ден Хедаја
Умно, смело, весело, смешно… Филм првенец од гаражата на Коенови! По победата во Санденс… Им тргна!