наслов на оригиналот:
MAD FOREST
Драма од Романија

Автор: Керил Черчил
Режија: Нина Николиќ
Косимограф: Ивана Каранфиловска Угуровска
Композитор: Александар Пејовски
Сценограф: Јане Чаловски
Дизајн на светло и видео: Ѓорѓи Клинчаров
продуцент: Русе Арсов
времетраење: 95 мин.

Играат:
Sвезда Анѓеловска, Петар Арсовски, Благој Веселинов, Стефан Вујисиќ, Нина Деан, Билјана Јовановска, Мартин Јорданоски, Владимир Лазовски, Нина Максимова, Владимир Петровиќ, Кристиjан Светиев

Актери на видео:
Синоличка Трпкова, Васил Зафирчев, Дарја Ризова, Снежана Стамеска

…Одевме кон тенковите… Ме фаќаше паника – но кога си со други луѓе продолжуваш да одиш! …Потоа видов студенти како пеат носејќи знамиња со дупка во средината, и помислив: Ова е крајот!

погледни галерија:
ГАЛЕРИЈА (...повеќе)

 

 

 

 

 

 

Претставата Кој пукаше на 21-ви? е работена според драмата Mad Forest, на британската современа писателка Черил Черчил, и раскажува за периодот пред, по и за време на романската револуција во 1989-та година. Состојбата во тоа општество е претставена низ конкретни семејни и интимни приказни на ликовите, а приказната е раскажана низ три основни поглавја.
Зборувајќи за настани што се случиле пред околу 25 години, се обидуваме да го отвориме прашањето на повторувањето на историјата и на фактот дека големите грешки направени во минатото, на човекот не му послужиле како пример за тоа што треба да го направи денес.
Самиот драмски текст има фрагментарна структура и е напишан откако авторката, режисерот и група студенти по глума од Лондон заминале за Романија, со цел да работат со група тамошни студенти по глума, каде што дознале нешто повеќе за настаните поврзани со падот на Чаушеску. Драмата е за прв пат поставена во јуни 1990-та, само три месеци по самата револуција.
Фактот што самата драма е составена како колаж од идеи, согледувања и ставови на повеќе луѓе, наложи и претставата Кој пукаше на 21-ви? да се работи според принципот на долг процес на работа на целата екипа (повеќе од 5 месеци), којшто придонесе сите учесници во проектот активно да учествуваат во градењето на претставата, што доведе до создавање целина во која се чувствува колективната енергија.
Mad Forest е далеку од документарна драма и таа ги испитува реакциите на збунувачките настани поврзани со револуцијата во 1989-та година, за обичните луѓе, фокусирајќи се на две семејства. Тоа што излегува на површина е страшната штета врз животите на луѓето направена за време на периодот на репресија, како и болните, долги тешкотии што ги донела промената.

 

МКЦ, МОТ+продукција
Премиера: 23. Октомври 2014