РОДЕНДЕН 2016:

„ОД ДРУГАТА СТРАНА“ Концертна промоција [Сала 25 мај]

Во чест на двегодишното постоење на Падот на Византија, 13 бенда ќе го свират и пеат нивниот комплетен дискографски опус.
Настапуваат (по азбучен ред):
AUTMIND, BERNAYS PROPAGANDA, GALATHEIA, ДЕМЕК, МИЗАР, MILLKO, MOOGER FOOGER, НОВОГРАДСКА, PMG KOLEKTIV, САШКО КОСТОВ, ТЕЛО-НАУКА СОВРШЕНА, TEMPERA, FOOLISH GREEN

„ВО ПОТРАГА ПО ЗАЕДНИЧКО ТЛО“ [Галерија МКЦ]

изложба на единаесет македонски уметници:
АНЕШЛИЕВА СЛАВИЦА, KИРОВСКА MAJA, НАНЕВСКИ ГОЦЕ, ОНЧЕВСКА РАДМИЛА, ОПА (Слободанка Стевческа, Денис Сарагиновски), ПРЉА НАДА, СЕКОВСКИ ИГОР, ШЕМОВ БОРИС, СПАСОСКИ АЛЕКСАНДАР, ТОШЕВСКИ ИГОР, ЖЕРНОВСКИ ВЕЛИМИР

AMPLIDYNE EFFECT [Планетариум]

Amplidyne Effect е проект на Мартин Георгиевски од Скопје. Настапува со гитара, клавијатури, пиезо микрофони закачени за различни нешта снимени во живо. Секој настап звучи различно и 80% е импровизиран во живо.

Поради ограниченост на капацитетот на Планетариумот во МКЦ, за концертот на Amplidyne Effect ќе биде потребно да подигнете билет од билетарница МКЦ!
Билети ќе можете да подигнете утре (16.01) по 19:00, а едно лице може да подигне најмногу 2 билета!

„ОБОЖЕНИЕ“ Премиера [кино Фросина]

Филмот ги следи приказните на ликови коишто борејќи се со егзистенцијата ја оживуваат изгубената духовност во нив и луѓето околу нив.
Режијата и сценариото е на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

DJ СЕТ [кафе Фросина]

DJ сет на Христина Шекерова и Виолета Качакова

ФИЛМСКИ МАРАТОН [кино Милениум]

12.00 – SALAD DAYS: A DECADE OF PUNK IN WASHINGTON, DC (1980-90) – 90′

14.00 – DON’T THINK I’VE FORGOTTEN: CAMBODIA’S LOST ROCK AND ROLL – 105′

16.00 – DAMIR AVDIĆ – PRAVI ČOVJEK ZA KAPITALIZAM – 53′

17.30 – FINDING FELA – 119′

20.00 – СЛОЖУВАЛКА – 39′

21.30 – ДЕНОТ ДА Е РАДОСЕН – 60′

23.00 – AMY – 128′

01.30 – SEARCHING FOR SHUGARMAN – 86′

04.00 – SHUT UP AND PLAY THE HITS (LCD SOUNDSYSTEM) – 108′

06.30 – SALAD DAYS: A DECADE OF PUNK IN WASHINGTON, DC (1980-90) – 90′

DAB

 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

 

 


„ОД ДРУГАТА СТРАНА“

1979… Социјализмот е во криза, светската популација е 4.3 билиони жители, феноменот цртан филм во 19:15 и понатаму живее, се појавија првите кафулиња и бутици, Philips го претставува прототипот на оптичкиот дигитален аудио диск, се пие црн и жолт сок, Сојузот на комунисти моноидеолошки го владее политичкиот простор, во светот се прават првите компјутери, Joy Division го издаваат Unknown Pleasures, Pink Floyd – The Wall, The Clash – London Calling, Bauhaus првиот сингл Bela Lugosi’s Dead, Sex Pistols – The Great Rock ‘n’ Roll Swindle, Cabaret Voltaire – Mix-Up, во Солун се патува по плочи а за не баш спонтан шопинг во Трст, се вози пар-непар, домаќинствата складираат залихи брашно, Иранскиот шах Реза Пахлави бега од земјата, Иран станува исламска република под водство на верскиот лидер Хомеини, просечната плата е 400 германски марки, светски филмски премиери на Апокалипса сега, Крамер против Крамер и Животот на Брајан, шефот на грчката држава Константинос Цацос именува конзул под името Социјалистичка република Македонија, Југославија одбива да влезе во ЕУ, девизите се купуваат на улица, Сандинистичкиот фронт за национално ослободување го победи режимот во централно-американската република Никарагва, цената на нафтата достигна рекордни $24 долари по барел, САД и Кина започнаа дипломатски односи, најкористените зборови тие години – стабилизација и рестрикција, ноќната програма на државната телевизија завршува во 22 часот, масовна инвазија на СССР трупи во Авганистан, David Bowie го издава Lodger, Talking Heads – Fear of Music, The Stranglers – The Raven, Gang of Four – Entertainment!, Public Image Ltd. – Metal Box, Japan – Quiet Life, Сојузот на комунисти ја формира Комисијата за предлагање на грамофонски плочи – Комисија за шунд, при Републичкиот комитет за просвета, култура и физичка култура, национализмот цути, духот на Западот доаѓа за да остане, доаѓа панкот, во октомври 1983 се формираат Падот на Византија.

Во јавната историја на 80-тите, Падот на Византија ќе останат забележани како една од најавтентичните појави на македонската сцена која погледна во своите музички корени и комбинирајќи го, со тогаш надоаѓачката субверзивна алатка – панкот, создаде свој уникатен израз кој тогашната публика го прифати како оригинален пристап.

http://padotnavizantija.com/

http://kritika.mk/album/posveta-na-padot-na-vizantija/


 

ВО ПОТРАГА ПО ЗАЕДНИЧКО ТЛО

Проектот „Во потрага по заедничко тло“ ги преиспитува културните позиции и репозиции на македонската уметничка сцена. Континуираната транзиција од еден во друг политички систем се чини бескрајна, а комплексноста на една мала и млада држава ги поттикнува прашањата на идентитет, историја, национализам, културни производи, одржливост, уметнички политики, социјална свесност, човекови права, итн. Целта на оваа изложба е да ги дисецира /претстави промените што се поттикнати од модерниот начин на живот и од потребата да бидеме дел од големиот „европски сон“.

Социо-политичките услови во Република Македонија по нејзиното осамостојување во 1991 се променија многу брзо. Започна масовна глобализација, транзицијата имаше големо влијание врз перцепцијата за националниот идентитет, неговото постоење, неговото пошироко признавање и неговото преживување. Имавме воени конфликти во соседството, бегалци, внатрешни воени конфронтации, сиромаштија. Потоа следеше мултикултурализам со видливо раздвојување на национални ентитети, религии, мировни договори. Општата транзиција во културата се вкорени преку гаење на лажни уметнички норми и стандарди, рекреирање на нова историја на историјата и културата на нашето општество, цензура на уметнички проекти што отворено критикуваат, а медиокритетноста стана критериум.

Каков пристап избира македонскиот уметник за да обрне внимание на овие состојби?

Предложената изложба дава визуелен преглед и одговор на овие прашања преку различни индивидуални пристапи на избраните визуелни уметници. Некои од нив се ангажирани, некои од нив едноставно даваат коментар, некои се партиципативни, но сите тие заземаат пристап што ги дефинира уметниците како социјално вклучени индивидуалци.

Тие се осврнуваат на различни аспекти на социо-политичкиот живот, кои ги фрустрираат и ги поттикнуваат да креираат и создаваат уметност.

Ана Франговска и Бојана Јанева Шемова


 

AMPLIDYNE EFFECT

Amplidyne Effect (Амплидајн Ефект) е проект на Мартин Георгиевски од Скопје, соло-експериментален проект претставен на сцената од 2009 година во Македонија. Неговиот звук варира од дроун, амбиент звуците до ноиз, субтилен шугејз и електроникa во стилот на Ben Frost, Brian Eno, A Winged Victory for The Sullen, Sunn O))) и многу артисти од амбиент, IDM сцената.  Amplidyne Effect настапува со гитара, клавијатури, пиезо микрофони закачени за различни нешта снимени во живо. Секој настап звучи различно и 80% е импровизиран во живо.

Amplidyne Effect има колаборации со артисти од Македонија, Аргентина, Америка, Англија, а настапува и во проектот Post Global Trio. Досега има настапувано на бројни интернет стримови, во Македонија, Косово, Србија и Холандија.

http://soundcloud.com/amplidyne-effect
http://amplidyneeffect.bandcamp.com/
https://www.facebook.com/AmplidyneEffect


ОБОЖЕНИЕ

Филмот „Обожение“ е во форма на триптих, составен е од деловите Катарза, Созерцание и Воздигање.

Филмот ги следи приказните на ликови коишто борејќи се со егзистенцијата ја оживуваат изгубената духовност во нив и луѓето околу нив.

Режијата и сценариото е на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.
Директори на фотографија се Влатко Џикоски и Панче Пренџов.
Музиката за филмот ја изработи Горан Трајкоски.
Актерската екипа е составена од: Петар Горко, Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмакоска Клинческа, Катерина Аневска, Митко Апостоловски, Соња Михајлова, Владимир Ѓорѓијоски, Милан Секулоски, Михајло Миленкоски, Димитар Црцороски, Марио Марковски.

https://www.facebook.com/obozenie/

Сподели