11. Фестивал на новиот германски филм
14 до 18 октомври 2015 година, ПроКредит Банка и Германската Амбасада, по единаесети пат го презентираат “Фестивалот на новиот германски филм”.
Изминатите години атмосферата во Кино Милениум и Фросина беше буквално европска, неоптеретена, аполитична. Вработените во двете кина не паметат ваква “културна” гужва, а тоа докажува дека Фестивалот на новиот германски филм од својот почеток до сега се разви во настан кој е почитуван од својата публика.
Бидете дел од #GFF11 !
Влезниците можат да се купат на билетарата на Кино Форсина (МКЦ) по цена од 100 денари.
Резервации на тел: +389 2 3115225 и на: bileti@mkc.mk
Целосната програма погледнете ја на официјалната веб страна на фестивалот.