Драги пријатели, малата мечка ве кани на музичко патување:
Cocteau Twins – Victorialand (1986)
Планетариумска проекција: Даниел Анастасов
Среда, 22 јуни, 21 часот. Планетариум, МКЦ
…
Музиката на Cocteau Twins е толку прекрасно нејасна, предизвикува чувства и создава состојби што се толку универзални, што те тера да помислиш: „Ова е за мене“. Оваа среда планетариумот ќе вибрира со ангелскиот глас на Елизабет. Трепетливо ќе патуваме на некое недостижно место.
…
Билетите (100 денари) се во строго ограничен број и достапни на билетарницата на МКЦ.
Cocteau Twins и уредот ќе климатизираат.