Фестивал на новиот германски филм

Режија: Ларс Крауме
Германија 2015, 105 минути
Актери: Бургхарт Клауснер, Роналд Церфелд, Себастиан Бломберг, Јерг Шитауф
Наменето за публика над 12 години

Дванаесет години по крајот на војната, 1957, бескомпромисниот генерален јавен обвинител Фриц Бауер (Бургхарт Клауснер) добива јасно укажување за тоа каде се крие поранешниот СС потполковник Адолф Ајхман. Додека младата Сојузна Република сака да ги заборави воените години, Фриц Бауер и младиот јавен обвинител Карл Ангерман (Роланд Церфелд) ќе откриваат сѐ повеќе за заднината на Ајхман. Спротивно од главниот јавен обвинител, Улрих Крајдлер (Себастиан Бломберг), и соработникот на Сојузната криминалистичка служба, Паул Гебхарт (Јерг Шитауф), Бауер ќе даде сѐ од себе за да ја започне борбата против невидливиот противник.

Сподели