М а н и ф е с т а ц и ј а „ Д е н о в и н а Ј у с т и н и ј а н I “ 2 0 1 5 г.
МКЦ Скопје
Програма за Семинар, Мастер класа и Концерт на Источно-црковно пеење.
Прв ден 11.05.2015г. Понеделник 18ч. Прв дел.
• За поимот на тонски род во црковната (византиска) музика. Дијатонска лествица.
Предавач: протопсалт д-р Ристо Солунчев.
19.30ч. Втор дел.
• Мастер клас – вокалната техника и практичната примена на истата во источното-црковно пеење. Брзо учење на непорочните тропари „Ангелскиј собор“ (првите два).
Предавач: протопсалт м-р Гоце Секулоски.
Втор ден 12.05.2015г. Вторник 18ч. Прв дел.
• Хроматска и енхармонска лествица.
Предавач: протопсалт д-р Ристо Солунчев.
19.30ч. Втор дел
• Мастер клас – Практична примена на вокалната техника. Брзо учење на непорочните тропари „Ангелскиј собор“ (вторите два).
- Интерактивен час со кандидати понапредни во црковното пеење.
Предавач: протопсалт м-р Гоце Секулоски.
Трет ден 13.05.2015г. Среда 18ч. Прв дел.
• Основни и плагални гласови: за начинот на произведување на гласовите.
Предавач: протопсалт д-р Ристо Солунчев.
19.30ч. Втор дел
• Мастер клас – Практична примена на вокалната техника.Брзо учење на непорочните тропари „Ангелскиј собор“ (последните два и повторување на претходните четири).
- Интерактивен час со кандидати понапредни во црковното пеење.
Предавач: протопсалт м-р Гоце Секулоски.
Четврт ден 14.05.2015г. Четврток 18ч. Прв дел.
• За поимот на Трохос и за начелото на подредување на гласовите.
Предавач: протопсалт д-р Ристо Солунчев.
19.30ч. Втор дел
• Мастер клас – Практична примена на вокалната техника. Брзо учење на полиелеен псалм 134 на пет различни гласови (1,2,8,4,7-ми глас).
- Интерактивен час со кандидати понапредни во црковното пеење.
Предавач: протопсалт м-р Гоце Секулоски.
Петти ден 15.05.2015г. Петок 20.00ч.
КИНО ФРОСИНА / МКЦ
• Воведна реч на д-р Ристо Солунчев.
• Мастер час – Презентирање на научените композиции на мастер класата на протопсалт м-р Г.Секулоски.
20.00ч. - Концерт на духовна музика на црковниот хор „Свети Нектариј Битолски“ – Битола
Диригент: протопсалт Игор Гулевски.